ПочетнаGoogle реклами
Google реклами (Google Ads)
Google реклами што носат барања, не само кликови.
Кога некој пребарува „стоматолог Скопје“ или „кујни по мерка“, тој веќе сака да купи. Ги поставувам и водам вашите Google Ads кампањи за да се појавите токму тогаш, и следам кои кликови станале повици, барања и продажби.
Зошто Google реклами?
Google рекламите се прикажуваат кога клиентот сам го бара она што го нудите. Не го прекинувате додека скрола, туку му одговарате на прашањето. Затоа барањата од пребарување често се поблиску до одлука од оние од социјалните мрежи.
Плаќате само кога некој ќе кликне, а буџетот го контролирате целосно. Кампањата може да почне за неколку дена и брзо покажува кои зборови носат клиенти, а кои само трошат пари.
Што правам за вас
- Истражување на клучни зборови на македонски и англиски, а ако ви требаат клиенти од странство, и на германски или друг јазик.
- Кампањи за пребарување, Performance Max, YouTube и ремаркетинг, според тоа што одговара на вашата цел.
- Огласи со екстензии: телефон, локација, понуди и линкови до вистинските страници.
- Негативни клучни зборови секоја недела, за да не плаќате за пребарувања што не носат клиенти.
- Следење на конверзии со GA4 и Google Tag Manager: повици, формулари, пораки и закажувања.
- Краток извештај што лесно се чита: колку потрошивте, колку барања добивте и колку чинеше секое.
Колку чини?
Пробниот месец почнува од 1.000 €. Буџетот за реклами е одделен и го плаќате директно на Google, во ваш профил. Точно што правиме и колку чини договараме пред да почнеме.
Колку буџет ви треба зависи од дејноста и конкуренцијата. За многу локални услуги во Македонија кликот е поевтин отколку во Западна Европа, но тоа не важи за секоја дејност. На првиот разговор ви кажувам што е реално за вашиот пазар.
Чести прашања
Кратки одговори.
Колку брзо ќе има резултати?
Првите кликови и барања обично доаѓаат во првите денови. За да се види што навистина работи, потребни се неколку недели на тестирање и подобрување, најчесто 4 до 8.
Дали мора да имам веб-страница?
Најдобро е да имате страница што брзо се вчитува и има јасен формулар или копче за повик. Без страница може да почнеме со реклами за повик, но тоа ги ограничува можностите.
Чиј е Google Ads профилот?
Ваш. Профилот, податоците и историјата остануваат кај вас, пред, за време и по нашата соработка.
Работите ли со мали буџети?
Со многу мал буџет рекламите немаат доволно податоци за да се подобруваат. Најдобро соработуваме со бизниси што можат да вложат 1.000 € или повеќе месечно во реклами.
Да видиме дали можам да ви помогнам.
15 минути разговор, на македонски. Ги гледам вашите сегашни реклами и ви кажувам што би сменил, без обврска.
Закажете 15-минутен разговорИли пишете на filip@feverconsulting.com.